Хетафе – Атлетико Мадрид по 90 минути борба 0:0.
Иако избраниците на Чоло Симеоне последните 20 минути од мечот ги одиграа со играч повеќе на теренот (црвен картон доби Ниом од Хетафе), сепак не успеаја да го најдат патот до мрежата на Сориа кој имаше 7 интервенции на мечот.
Поседот на топката беше убедливо на страната на лидерот на табелата во Ла Лига 27-73, но залудно.
Ова реми, освен што оди во прилог на Хетафе кој е во опасната зона за испаѓање (на +5 бода се од Алавес кој е меѓу најзагрозените), сигурно вечерва се прославило и во таборите на Барселона, односно Реал Мадрид.
Сега разликата меѓу Атлетико и Реал Мадрид на позициите 1-2 на табелата е само 6 бода, а со победа на Барселона задутре против фенерџијата Уеска, Каталонците ќе се доближат на само 4 бода од конкурентот на 11 кола до крајот на првенството.