Атлетико Мадрид во последниот денешен меч од шпанската Ла Лига го совлада Бетис со 2-0.
Стрелци на головите за домашната екипа беа Љоренте во 46 и Луис Суарез во 91 минута.
Голема помош „јорганџиите“ добија со исклучувањето на гостинскиот фудбалер Монтоја во 74 минута.
Со овој триумф тимот на Диего Симеоне со 11 бода е на второто место на табелата, 2 помалку од лидерот Реал, но и меч помалку.