Top Sport

„Јорганџиите“ на Симеоне загубија два бода кај Гранада (видео)

Мадридски Атлетико е уште еден чекор поназад од врвот на табелата во Ла Лига откако денеска одигра реми 1-1 со шестопласираниот тим на Гранада.

„Јорганџиите“ на тренерот Диего Симеоне пропуштија можност со победа да дојдат само на 1 бод до лидерот на табелата, Барселона.

Таква можност им се отвори во 60 минута кога со голот на Ренан Лоди, на асистенција на Херера поведоа со 1-0.

Сепак, Гранада ја анулирашепредноста по само 7 минути. По нафрлена топка од корнер, Герман Санчез погоди во голот на Облак за 1-1.

До крајот на мечот, гостите имаа уште неколку убави шанси за победа преку Мората, но резултатот остана непроменет.

Следниот викенд Атлетико го чека тежок испит во Ла Лига. На „Ванда Метрополитано“ гостува првопласираната Барселона, а претходно во вторник, екипата на Симеоне оди во Торино на мегдан со Јувентус.

Scroll to Top