Top Sport

Јоргенсен добивал закани по промашениот пенал

Данската фудбалска асоцијација (ДФА) објави дека ја известила полицијата за заканите со смрт кон напаѓачот Николај Јоргенсен, кој го утна последниот пенал во мечот со Хрватска.

Со промашувањето на Јоргенсен, Данска беше елиминирана по 1:1 ремито по 120 минути во Нижни Новгород.

„Нашето општество никогаш не смее да прифаќа закани со смрт, против фудбалерите, политичарите или било кој друг. Тоа е апсолутно неприфатливо. Го пријавивме случајот во полиција за да се спречи ова лудило“, се вели во соопштението на ДФА.

Три Данци не погодија пенали против Хрватска, но Јоргенсен беше последен од нив.

Фото: ЕПА

Scroll to Top