Top Sport

Јорк: Јунајтед да не гледаат СП, туку да потпишат со Бејл

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Двајт Јорк ги повика првите луѓе на клубот да заборават на потрагата на фудбалери на Светското првенство во Русија и наместо тоа да направат сѐ да го обезбедат потписот на ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл.

Реал платија 100 милиони евра да го донесат Бејл од Тотенхем во 2013 година и по првите две одлични сезони на „Бернабеу“ имаше низа повреди, кои посебно му ја прекратија сезоната 2016/17 кога имаше само 17 настапи. Минатата сезона, Бејл имаше 20 старта за Реал во Лигата и 3 во Лигата на шампионите, но беше ѕвезда на финалето на ЛШ против Ливерпул постигнувајќи два гола.

Жозе Мурињо е љубител на играта на Бејл и шпекулациите за неговиот трансфер на „Олд Трафорд“ беа „живи“ и минатата сезона кога двата тима го играа европскиот Суперкуп во Скопје. По европското финале, Бејл изјави дека очекува да биде стартер во својот тим, но тоа ќе зависи од новиот тренер на „Лос бланкос“, Хулен Лопетеги.

Јорк смета дека Велшанецот е во најдобрата форма во својата кариера и дека нема причина да се бараат други фудбалери.

„Јунајтед и Жозе воопшто не мораат да го гледаат Светското првенство барајќи фудбалери. Ниту еден фудбалер не ни одговара повеќе од Герет Бејл. Да, ќе има возбудливи фудбалери во Русија, но Бејл не восхитува сите. Тој е на вистинска возраст, во најдобрите денови на кариерата и би бил совршен за нас“, вели Јорк.

Scroll to Top