Црногорскиот репрезентативец Стеван Јоветиќ, во јануарскиот преоден рок, би можел да го напушти Монако и да се врати во Серија А. „Калчомеркато“ пишува дека сериозен интерес за овој фудбалер покажува Рома.
Јоветиќ на почетокот на оваа сезона имаше проблеми со повредите, а откако се врати во тимот, челниците го отпуштија тренерот Леонардо Жердим, а новиот тренер Тиери Анри не верува премногу во Црногорецот.
Оваа ситуација сака да ја искористи спортскиот директор на Рома, Мончи, кој во минатото соработувал со Јоветиќ во Севилја. Тогаш Јоветиќ го носеше дресот на Севилја како позајмен играч на Интер.
Во Серија А, пред Интер, Јоветиќ со многу успех играше во Фиорентина.