Top Sport

Јовиќ е фантастичен, но на тренинг (видео)

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ досега беше огромно разочарување за навивачите на Реал Мадрид, откако не успеа да ги оправда 60-те милиони кои „кралскиот клуб“ ги плати на Ајнтрахт да го донесе на „Бернабеу“, делумно поради слабата форма, делумно поради активностите надвор од фудбалот.

Јовиќ успеа да се повреди за време на изолацијата поради корона вирусот, а исто така доби кривична пријава во Србија поради прекршување на правилата за изолација.

Меѓутоа, тој полека се опоравува од повредите и не реагира на шпекулациите дека ќе биде продаден во Милан, покажувајќи на тренинг дека е подготвен да добие втора шанса од Зинедин Зидан.

Scroll to Top