Шпански „АС“ пишува дека Лука Јовиќ не е во репрезентацијата на Србија бидејќи селекторот Љубиша Тумбаковиќ сакал да го дисциплинира.
Во октомври Јовиќ одигра четири минути против Португалија, потоа се пожалил на повреда поради што го пропуштил дуелот во Луксембург.
Меѓутоа четири дена подоцна Јовиќ го одиграл целиот меч за Реал против Леванте.
Селекторот Тумбаковиќ се сомневал дека Јовиќ ја измислил повредата поради што решил да го казни напаѓачот.
Јовиќ не доби повик за настап на пријателскиот меч против Парагвај и квалификацискиот против Литванија.
„АС“ пишува дека ова казнена мерак бидејќи Тумбаковиќ претходно изјавил „дека никој нема загарантирано место во првата постава“.
Секој селектор на Србија во изминатата деценија имал проблеми и несогласувања со барем еден играч, прашањето е дали Јовиќ овој пат ќе може да најде „заднички јазик“ со Тумбаковиќ.