Лука Јовиќ, пред пет дена се врати во тимот на Реал, откако го прележа коронавирусот, а сега повторно ќе биде надвор од тимот поради повреда.
Јовиќ не тренирал синоќа, а попладнево Реал објави дека тој ја повредил препоната на десната нога. Напаѓачот ќе паузира две недели.
Повредата на Јовиќ го остави Зинедин Зидан само со еден класичен напаѓач, Карим Бензема, за решавачкиот меч во Лигата на шампионите, против Борусија Мемхенгладбах.
Поради повреди Зидан не може да смета на Еден Азар и Маријано Дијаз.
Реал за Јовиќ, во 2019 година на Анјнтрахт им плати 60 милиони евра. Србинот не го оправда очекувањата и според шпекулациите тој во јануарскиот преоден рок ќе замина од Мадрид.