Челниците на Фиорентина почнале преговори со Реал околу трансферот на Лука Јовиќ во тимот од Фиренца. Оваа информација ја пренесува познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.
Тој тврди дека Јовиќ се согласил кариерата да ја продолжи во Фиорентина. Сепак, клубот од Фиренца не сака да го откупи договорот на српскиот напаѓач, туку планира да го доведе Јовиќ на едногодишна позајмица.
Фиорентина бара „кралскиот клуб“ да продолжи да плаќа дел од платата на српскиот фудбалер. Романо посочува дека преговорите одат во добра насока и дека наскоро би можело да се очекува финализирање на договорот.
Фудбалскиот портал „Goal.com“ објави дека Јовиќ е на листата на 15 најголеми промашувања во историјата на Реал.
Овој портал потсетува дека Јовиќ во 2019 година од Ајнтрахт премина во Реал за 66 милиони евра.