Top Sport

Јовиќ: Не лажев дека сум повреден, не знам кога ќе ме повикаат во репрезентацијата

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ вели дека не лажел дека е повреден за да избегне репрезенативни обврски со Србија и додава дека селекторот Љубиша Тумбаковиќ ќе мора да одлучи кога тој повтоно ќе биде во националниот дрес.

„За мојот статус во репрезентацијата треба да го прашате селекторот. Вистина е дека лекарот најде повреда поради која бев и на лична терапија. Не значи дека се работеше за повреда која предизвикува подолго отсуство. Секако, очекувам нов повик на селекторот и се надевам дека ќе играм против Луксембург и Украина“, вели Јовиќ во изјава за српскиот спортски весник „Спортски журнал“.

Тој завчера го постигна својот прв официјален гол за Реал откако претходно беше критикуван од навивачите на „кралевите“ за својата неефикасност.

Scroll to Top