Top Sport

Јовиќ решил сигурно да замине од Реал

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ сака да ја прекрати неуспешната „авантура“ во Реал Мадрид и побарал трансфер во текот на летото, јавува шпанскиот „Диарио АС“.

Јовиќ пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2019 од Реал Мадрид за високи 60 милиони евра од Ајнтрахт Франкфурт и има договор до 2025 година, но тешко е да се очекува „кралевите“ да заработат повеќе од 30 милиони евра од неговиот трансфер.

Јовиќ има 49 меча за „кралевите“ и 3 гола во три сезони и повторно не е во планот на тренерот Карло Анчелоти кој смета на Карим Бензема и Маријано Дијаз во нападот. Тој минатата сезона помина половина година на позајмица во својот стар клуб Ајнтрахт, но ниту таму не ја подобри формата.

Scroll to Top