Лука Јовиќ не беше во тимот на Реал против Барселона, а нема да биде ниту вечерва против Бетис. Напаѓачот за чии трансфер Реа издвои 60 милиони евра не ги оправда очекувањата на Зинедин Зидан.
Шпанските медиуми се почесто го селат Србинот од Реал. „АС“ пишува дека на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнала понуда за Јовиќ и не е исклучено тој во летниот преоден рок да го напушти клубот.
„АС“ тврди дека Наполи покажале интерес за Јовиќ, а наводно српскиот репрезентативец немал ништо против преселбата на „Сан паоло“.
Сезонава Јовиќ има постигнато само два гола.