Top Sport

Јовиќ: Смешни се шпекулациите дека ќе одам на позајмица

„Смешни се шпекулациите дека ќе одам на позајмица“, рекол меѓу другото во изјава за „Вечерње новости“, српскиот фудбалер Лука Јовиќ.

Реал Мадрид летово за 60 милиони евра го донесоа Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт, како алтернатива во нападот за Карим Бензема. Во подготвителниот период не импресионираше, заработи и повреда, поради што се појавија шпекулациите дека Милан го барале на позајмица.

„Читам и се смеам дека ќе сум одел на позајмица. Знам дека новинарите секогаш има приказни за Реал, но јас знам дека ќе останам. Времето ќе покаже дали имало вистина во таквите пишувања“, рекол Јовиќ.

Лука Јовиќ кариерата ја започнал во Црвена ѕвезда, а преку Бенфика и Ајнтрахт стигна во Реал. За две сезони во Ајнтрахт запиша 49 настапи на кои постигна 25 гола.

Scroll to Top