Top Sport

Јунајтед, Арсенал и Челзи влегуваат во војна за фудбалер од 120 милиони евра

Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челзи ја започнале битката за потписот на Деклан Рајс, пишува „Дејли Мејл“. Англискиот репрезентативец, во летниот преоден рок, сигурно ќе го напушти Вест Хем.

Рајс сака да си замине, а од Вест Хем се свесни дека летово може да ја добијат највисоката цена за него. „Дејли мејл“ тврди дека ќе изнесува 120 милиони евра и дека Арсенал во овој момент има најголеми шанси. Арсенал веќе води сериозни преговри со Вест Хем.

Според овој извор проблемот се околу 20 милиони евра за кои не можат да се договорат.

„Арсенал не сака да троши пари и моментално работи на намалување на цената на Рајс. Сепак, таа сума не е проблем за Манчестер Јунајтед и Челзи, иако Рајс јасно стави до знаење дека сака да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Челзи не успеа да се квалификува и мали се шансите Рајс да заврши на Стемфорд Бриџ“, пишува „Дејли Мејл“.

Истиот извор, тврди дека Ерик Тен Хаг работи на зајакнување на средниот ред. Тој наредната сезона сакал да ги има во Јунајтед Мејсон Маунт од Челси и Рајс. Тие се пријатели од детството кои одлично би се согласувале и тоа е уште една причина зошто Тен Хаг ги сака и двајцата.

Од друга страна, Артета е голем обожавател на Рајс. Томас Парти е одличен кога е здрав, но премногу често се повредува и на Артета му треба играч на кој секогаш може да смета и кој ќе ја направи разликата. „Дејли Мејл “,тврди дека Рајс моментално е најблиску до Арсенал бидејќи му се допаѓа проектот на Артета.

Scroll to Top