Манчестер јунајтед бараат 12 милиони евра од Јувентус за „бјанконерите“ да го добијат Антони Марсијал на позајмица за пет месеци, цена која италијанскиот клуб смета дека е „апсолутно неприфатливо“, тврди „Спорт Медијасет“.
Вчера, новиот генерален менаџер на Јуве, Маурицио Аривабене призна дека се заинтересирани за Марсијал, но „не за тие бројки“. Јунајтед бараат Јувентус да ја исплаќаат целосната плата на Марсијал во тие пет месеци, и плус 6 милиони евра за позајмицата за само неколку месеци.
Марсијал неодамна преку својот агент побара трансфер од „Олд Трафорд“, а за него се заинтересирани и Њукасл, но се верува дека Фрацузинот не сака трансфер во друг клуб од Премиерлигата.