Top Sport

„Јунајтед би биле среќни доколку си замине Погба“

Поранешниот француски репрезентативец Вили Сањол изјавил дека се исполнети сите услови Пол Погба да се пресели во Реал Мадрид.

Погба една година се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. Најмногу за неговото доаѓање лобира тренерот Зинедин Зидан.

„Создадени се сите услови Погба да пристигне во Реал. Флорентино го сака тоа, Зидан го сака тоа и Пол го сака тоа. Мисламд ека и во Манчестер Јунајтед би биле среќни кога тој би заминал, повеќе не би морале да издвојуваат средства за неговите големи финансиски примања. Сите се подготвени за овој трансфер“, рекол Сањол.

„Само се надевам дека Реал ќе го добие оној Погба од француската репрезентација, а не Погба од Манчестер Јунајтед“.

Пол Погба оваа сеозна има одиграно само осум натпревари за Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top