Манчестер јунајтед не му дозволија на Џеси Лингард да замине од „Олд Трафорд“ неколку часа пред крајот на преодниот рок, иако привремениот менаџер Ралф Рангник претходно изјави дека тој е слободен да си замине.
Јунајтед беа во преговори со Њукасл за договор до крајот на сезоната, а заинтересирани беа и Вест хем. Њукасл наводно понудиле 3 милиони фунти и дополнителни 4 милиони фунти бонус доколку опстанат во лигата, но се верува дека претседателот на клубот, Џоел Глејзер решил да го блокира трансферот.
Според „Дејли мејл“, 29-годишниот Лингард е посебно разочаран од вестите, посебно откако претходно добил „зелено светло“ по преговорите со Рангник во понеделникот. Тој има само два старта за Јунајтед оваа сезона, и ќе може да замине како слободен играч на крајот на сезоната по 21 година во клубот.