Top Sport

Јунајтед го добија тинејџерот Ембало?

Португалските медиуми јавуваат дека 16-годишниот Умаро Ембало потпишал договор со Манчестер јунајтед, откако Жозе Мурињо и неговиот агент Жорге Мендеш успеале да го добијат потписот на тинејџерот за кој се „тепаше“ пола Европа.

Според „Рекорд“, Јунајтед и Бенфика се согласиле за трансфер, за сума од 7.5 милиони долари, која „Ѓаволите“ ја договориле уште во текот на летото. Реал Мадрид наводно понудиле 13 милиони долари, но младиот напаѓач сметал дека поголема шанса ќе добие под Мурињо во Англија.

Ембало има 15 гола во 18 натпревариза португалската У17 репрезентација и 5 гола во 12 натпревари за младинскиот тим на Бенфика оваа сезона, за која двапати настапи против Јунајтед во младинската ЛП.

Способен за игра со десната и со левата нога, Ембало дојде во Бенфика во 2014 година и се смета за еден од најталентираните португалски фудбалери. Мурињо би можел да му даде шанса во првиот тим, каде што и сега добиваат шанса доста млади фудбалери како Маркус Рашфорд, Скот Мектоминеј и Аксел Туанзебе.

Scroll to Top