Top Sport

Јунајтед го краде Кутињо „пред носот“ на Барса?

Обидот на Барселона конечно да го донесе Филип Кутињо на „Ноу Камп“ станува многу покомплициран, откако и Манчестер јунајтед влезе во трката за потпис на бразилскиот играч на лутите ривали од Ливерпул, тврди шпанскиот „Дон балон“.

Покрај Барселона, која во текот на летото двапати се обиде да го обезбеди трансферот, но двапати беше одбивана од страна на американските сопственици на Ливерпул. Кутињо повторно игра одлично во црвениот дрес, но останува желбата за игра на „Ноу Камп“, и покрај неодамнешните совети на легендарниот Роналдо дека Барселона не е добро место за Бразилците.

Досега беше јасно дека Пари Сен-Жермен се подготвени да дадат многу пари за Бразилецот, но сега и управата на Јунајтед е подготвена да троши, откако пред неколку дена Жозе Мурињо призна дека 300-те милиони фунти кои ги потрошил последните три години не се доволни за титула.

Еден од адутите на Барселона е желбата на Бразилецот за трансфер во Шпанија.

Scroll to Top