Top Sport

Јунајтед го мами Милик од Наполи со 70 милиони евра

Напаѓачот на Наполи, полскиот репрезентативец, Аркадиуш Милик е трансфер цел на Манчестер Јунајтед, јавуваат медиумите на „Чизмата“.

Според информациите, менаџерот на „ѓаволите“ Оле Гунар Солскјер во зимскиот преоден рок е во потрага по офанзивец кој ќе ја подобри голгетерската статистика во клубот сезонава.

25-годишниот Милик сезонава има постигнато 10 гола на 12 меча за Наполи настапи, а откако е дојден во клубот од Неапол, има 44 погодоци во 95 натпревари.

Наполитанците, според информациите, го наговараат полскиот интернационалец да потпише нов договор со клубот затоа што актуелниот му истекува во јуни идната година.

Информациите се дека Јунајтед го мами Милик на „Олд Трафорд“ со понуда од околу 70 милиони евра.

Scroll to Top