Top Sport

Јунајтед го „меркаат“ Дибала, Погба назад во Јуве?

Манчестер јунајтед имаат план да го донесат Пауло Дибала на „Олд Трафорд“ веќе во јануари, за што имаат подготвено 120 милиони евра, а не се отфрла и можноста да дојде до замена со Пол Погба, кој би се вратил во Торино, тврди италијанскиот „Калчомеркато“.

Дибала беше на клупата на Јуве во мечевите со Лацио и Парма, откако Масимилијано Алегри реши дека треба да направи промена во клубот, а иако Јунајтед во прв план бараат дефанзивни фудбалери, би биле заинтересирани да го донесат Аргентинецот во својот клуб, посебно откако се одложи продолжувањето на договорот со Антони Марсијал.

Погба, пак, изјави: „додека не ме видите во друг дрес, јас сум фудбалер на Манчестер јунајтед“, но друга работа е што мисли неговиот агент Мино Рајола, кој неколку пати најави дека има многу опции за својот фудбалер.

Фото: ЕПА

Scroll to Top