Манчестер јунајтед пропуштиле да му дадат одговор на еден од најталентираните дефанзивци на светот, Дајот Упамекано поради „расправија“ за само 200.000 фунти.
Францускиот дефанзивец пред пет години пристигнал на „Олд Трафорд“ со неговата мајка и агентот кога имал само 16 години и бил фудбалер на Валенсиен, и бил склучен договор, но агентот ја одбил понудата откако наместо очекуваните 700.000 фунти, тие нуделе само 500.000.
РБ Лајпциг го донесе Упамекано за 9 милиони фунти во 2017, а сега вредноста му се проценува на околу 55 милиони фунти. Иронично, Јунајтед сега повторно се заинтересирани, и сумата ќе биде многу повеќе од 700.000 фунти.