Top Sport

Јунајтед го „врбувале“ Клоп – тука е „Дизниленд за возрасни“!

Новата биографија на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп открива фасцинантни детали околу тоа како поранешниот шеф на Борусија Дортмунд бил посакуван од двата тима од Манчестер и Тотенхем пред да се обврзе на иднина на „Енфилд“.

На 11 април 2014 година, Клопе се сретнал со Ханс-Јоаким Вацке на пијачка во „Хилтон“ во Минхен и му кажал дека одлучил да остане во Дортмунд. Претходно тој ден, пред заминувањето за гостувањето на „Алијанц арената“ на Баерн, Германецот уште не одлучил. Добил огромна понуда од севернозападна Англија, шанса да работи со еден од најголемите клубови на светот.

Извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд го побарал Клоп во Германија со една желба – тој да биде заменик на Дејвид Мојс по разочарувачкиот старт на ерата без Сер Алекс Фергусон. Вудвард му објасни на Клоп дека „Театарот на соништата“ е „Дизниленд за возрасни“, митско место каде што возбудата е гарантирана, а соништата се остваруваат.

Клоп не бил убеден во ова, бидејќи го сметал предлогот за „не-секси“, но не ја одбил понудата директно. По шест години во Дортмунд , беше време за промена. Откако Мојс беше отпуштен, шансата беше тука.

„Ман јунајтед е голем клуб и многу добро сум запознаен со нивните прекрасни фанови. Но, мојата посветеност на Борусија Дортмунд е нескршлива“, беше изјавата на Клоп тогаш.

Една година подоцна „нескршливата посветеност“ се скрши – тој објави дека си заминува на крајот на сезоната 2014/15. Телефоните почнаа да ѕвонат и неговиот агент, Марк Козике чекаше. Тогаш се јави извршниот директор на Ливерпул, Јан Ејр. Пријателот на Клоп, Мартин Кваст објаснува.

„Кога си бил во Дортмунд, каде одиш како тренер? Во Германија останува само националниот тим, бидејќи сè друго би било чекор назад. Дури и Баерн. Клопо се ’пали’ на емоции, на емпатија, на тоа да се биде дел од нешто големо. Само Ливерпул му го нудеше тоа. Единствен проблем му беше познавањето на англискиот, но веднаш почна да учи. Никој друг немаше шанси да го добие. Секогаш ги сакаше Ливерпул и беше возбуден од предизвикот. Не верувам дека би завршил во тим како Манчестер сити“, вели Кваст.

Scroll to Top