Top Sport

Јунајтед и Арсенал во трка за Корентин Толисо

Манчестер јунајтед и Арсенал се „наддаваат“ за услугите на фудбалерот од средниот ред на Баер Минхен, Корентин Толисо, кој ќе биде достапен за само 10 милиони евра откако не ги исполни очекувањата во Баварија, тврди „Билд“.

26-годишниот Толисо, кој беше дел од француската репрезентација на Дидие Дешам на ЕУРО 2020, пристигна во Баварија од Лион во 2017 година за 41 милиони евра, но сега клубот е подготвен да се ослободи од него за врати дел од парите што ги вложи бидејќи тој има само една година од договорот.

Јулијан Нагелсман сака да го донесе својот поранешен играч Марсел Забицер од РБ Лајпциг, но мора да се „направи место“ во тимот и Толисо е прв кандидат за заминување, а Арсенал и Јунајтед се првите кандидати и покрај тоа што ова лето потрошија доста пари.

Јунајтед го донесоа Џејдон Санчо и Рафаел Варан, како приоритери во одбраната и нападот, но исто така гледаат и на можна замена за Пол Погба, кој има уште една година од договорот, додека Микел Артета доби буџет ова лето и веќе ги донесе дефанзивецот Бен Вајт, фудбалерот од средниот ред Алберт Самби Локонга и левиот бек Нуно Тавареш.

Толисо не се наигра во Баерн, откако ги повреди лигаментите во втората сезона со клубот. Тој има само 57 настапи во 4 сезони во Германија.

Scroll to Top