Top Sport

Јунајтед и Арсенал заинтересирани за Дембеле

Манчестер јунајтед и Арсенал се заинтересирани да го донесат Усман Дембеле во Премиер лигата и покрај загриженоста околу многуте повреди кои францускиот напаѓач ги имаше во Барселона.

22-годишниот Дембеле се мачеше со адаптацијата во Каталонија по трансферот во 2017 од Борусија Дортмунд како замена за Нејмар,и се верува дека Блауграна ќе се обиде да се ослободи од него ова лето.

Британските медиуми тврдат дека двата клуба од Премиер лигата се сериозно заинтересирани за Дембеле, кој имаше само пет настапи оваа сезона, и сакаат прво да се направи проценка на неговата физичка подготвеност. Барса може да го пушти Дембеле за само 40-тина милиони евра, иако за него платија 140 милиони, во обид да соберат средства за најавениот обид да го донесат Лаутаро Мартинез од Интер.

Генералната оценка е дека Дембеле е предобар талент за да биде отфрлена опцијата за трансфер, а двата премиерлигаши би сакале да го засилат нападот за следната сезона. Барселона дури е подготвена да склучи договор за позајмица.

Scroll to Top