Top Sport

Јунајтед и Сити се здружија, па собраа 100.000 фунти за Банката за храна

Фудбалските ривали во Премиерлигата, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ги здружија силите за да помогнат во справувањето со пандемијата со коронавирусот.

Двата клуба од Манчестер одговорија на иницијативата на навивачите и донираа по 50.000 фунти за Банката за храна во тој град.

„Горди сме на улогата на нашите навивачи и помошта што ја испратија за Банката за храна. Го препознаваме зголемениот притисок кој ќе биде на оваа добротворна организација во текот на пандемијата со коронавирусот“ – се наведува во заедничкото соопштение на двата клуба.

Оваа донација ќе отиде во 19 центри за дистибуција на храна во Манчестер.

Scroll to Top