Манчестер јунајтед се надеваат дека ќе успеат да го добијат потписот на бразилскиот дефанзивец на Лил, Габриел Магаљаеш, откако во последен момент им го „расипаа“ пред-договорот со Арсенал, тврдат британските медиуми.
Арсенал беа подготвени да дадат 22.7 милиони фунти за 22-годишниот Габриел, а иако беа заинтересирани и Наполи, Бразилецот сака да игра во Премиер лигата. Според експертот за трансфери Џанлука ди Марцио, Јунајтед веќе во петокот дале понуда за Габриел и тој побарал време пред да донесе одлука. Јунајтед за разлика од Арсенал можат да му понудат повисока плата и фудбал во Лигата на шампионите.
Претседателот на Лил, Жерар Лопез во четвртокот изјави дека има повеќе понуди за Габриел и дека тие му оставиле време да размисли за неговата иднина.