Top Sport

Јунајтед им го „крадат“ Жоао Феликс на Челси?

Манчестер јунајтед се обидуваат да го „грабнат“ Жоао Феликс пред Челси да се договори со Атлетико Мадрид за постојан трансфер во текот на летото, тврди шпанскиот весник „АС“.

Португалецот пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во јануари на „чиста“ позајмица за 11 милиони фунти, иако за него беа заинтересирани Јунајтед и Арсенал. Се очекува Челси да се обидат да го добијат 23-годишниот Феликс на постојан трансфер, но очигледно ќе имаат конкуренција од „ѓаволите“, кои бараат постојана замена за Кристијано Роналдо.

Според „Ас“, за трансфер на Португалецот ќе бидат потребни барем 100 милиони евра, во обид Атлетико да ја поврати скапата инвестиција при трансферот од Бенфика.

Scroll to Top