Top Sport

Јунајтед ја активираа клаузулата, Марсијал останува барем уште една сезона

Барем една убава вест за навивачите на Манчестер јунајтед – клубот ја активираше клаузулата во договорот на Антони Марсијал, со што Французинот ќе остане на „Олд Трафорд“ барем до 2020 година, додека клубот продолжува со преговорите за долгорочен договор.

Марсијал, кој на почетокот на сезоната влезе во конфликт со Жозе Мурињо откако го напушти тимот на американската турнеја за да се врати дома во Франција за да присуствува на раѓањето на неговото дете, полека станува клучен играч за „ѓаволите“.

Неговиот договор завршуваше во текот на летото, но клубот очигледно планира подолгорочна иднина со него, иако многу работи ќе зависат од тоа дали Жозе Мурињо ќе остане менаџер на клубот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top