Top Sport

Јунајтед ќе бараат фантастични 130 милиони за Де Хеа!

Давид де Хеа останува една од главните цели на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, но Манчестер јунајтед не планира да се откаже толку лесно од фантастичниот голман, порачувајќи им дека цената е 130 милиони евра, тврди шпанскиот весник „Спорт“.

Перез веќе четири години се обидува да се договори со Јунајтед за Де Хеа, чиј договор со тимот од „Олд Трафорд“ завршува на крајот на 2019 година. Реал во 2015 имаше неславен обид да потпише со поранешниот голман на Атлетико, за само десет дена подоцна да го продолжи договорот.

Јунајтед платија 18 милиони евра на Атлетико во 2011 година, но поради клаузулите оваа сума дојде до 22 милиони евра. Мадрид не планираат да дадат 130 милиони евра, и се надеваат дека тој нема да потпише и дека ќе го земат бесплатно во летото 2019 година.

Scroll to Top