Top Sport

Јунајтед ќе го „одврзат кесето“ за Умтити

Данкан Кеслс, новинарот на „Дејли рекорд“ и според многумина во Британија „гласноговорникот“ на Жозе Мурињо во Британија, тврди дека Манчестер јунајтед ќе се обиде да го искористи одложувањето на преговорите на Самуел Умтити со Барселона и да го донесе дефанзивецот на „Олд Трафорд“.

24-годишниот Умтити има договор со Каталонците до 2021 година, а оваа година игра одлично во партнерство со Жерард Пике, за Барселона да дозволи само 13 гола во Ла лига оваа сезона, еден повеќе од најдобриот дефанзивен тим, Атлетико Мадрид.

„Барселона уште оддолжуваат со исполнувањето на личните барања на Самуел Умтити, и францускиот дефанзивец сега станува една од главните мети на Манчестер јунајтед на крајот на сезоната. Неговата сегашна клаузула од 60 милиони фунти е во рамките на буџетот на англискиот премиерлигаш, а се верува дека веќе има приод за личните услови на Французинот“, тврди Кеслс.

Шпанскиот веб-сајт „Диарио гол“, кој не се покажува како многу точен во своите предвидувања за трансфери, неодамна исто така шпекулираше дека Умтити веќе има „условен“ договор со „црвените ѓаволи“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top