Top Sport

Јунајтед ќе го „победат“ Ливерпул за потписот на Тимо Вернер?

Манчестер јунајтед се подготвени да го „расипат“ обидот на Ливерпул да го донесат Тимо Вернер во Премиер лигата со понуда веќе во јануари.

23-годишниот талент на РБ Лајпциг би преминал на „Олд Трафорд“ во јануари, иако во текот на летото потпиша нов четиригодишен договор со клубот од источна Германија по неуспехот на Баерн Минхен да го обезбедат неговиот потпис, но со откупна клаузула од само 30 милиони евра.

На Јунајтед дефинитивно им е потребен напаѓач откако му дозволија на Ромелу Лукаку (нивниот најдобар стрелец последните две сезони) да замине во Интер. Вернер би се вклопил совршено во филозофијата на носење на млади талентирани фудбалери на Оле Гунар Солскјер, додека во Ливерпул неговото стартно место не би било гарантирано бидејќи во нападот ја имаат блескавата тројка Мо Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино.

Вернер во саботата уште еднаш го покажа својот талент откако постигна хет-трик при 8:0 победата на неговиот тим над Мајнц.

Scroll to Top