Top Sport

Јунајтед ќе му дадат на капитенот Мегваер „еден куп пари“

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер ќе стане третиот најдоброплатен играч во клубот доколку ја прифати понудата за новиот договор, тврдат англиските медиуми.

28-годишниот дефанзивец пристигна на „Олд Трафорд“ во 2019 со трансфер од 80 милиони фунти од Лестер, како најскап одбранбен играч во историјата, и во 2020 стана капитен по трансферот на Ешли Јанг во Интер.

Англичанецот во моментов има договор од 190.000 фунти неделно, а договорот му завршува во 2025 година, но во клубот сметаат дека тој е клучен човек во изградбата на тимот, посебно со партнерството со Рафаел Варан.

Иако договорот би се продолжил на само една сезона, односно до 2026 година, тој би добивал 300.000 фунти неделно како награда за лидерството, со што само Давид де Хеа и Кристијано Роналдо би заработувале повеќе од него, тврди „Сан“. Роналдо наводно добива 385.000 фунти неделно, додека Де Хеа, кој го обнови договорот во 2019, има 375.000 фунти неделна плата.

Scroll to Top