Top Sport

Јунајтед ќе му дадат нов договор на Лингард, па ќе го продадат?

Манчестер јунајтед ќе ја активираат клаузулата во договорот на Џеси Лингард и ќе му го продолжат договорот за уште една сезона, иако тој не е во долгорочните планови на Оле Гунар Солскјер, тврди „Дејли мејл“.

28-годишниот Лингард има одиграно само два меча оваа сезона поради слаба физичка подготвеност и конкуренција во тимот на „ѓаволите“ покрај Бруно Фернандеш, Пол Погба и Дони ван де Бек на неговата позиција.

И покрај ова, клубот не планира да го загуби Лингард со бесплатен трансфер во текот на летото и подготвува договор по кој би се направила одлука за неговата долгорочна иднина, иако Шефилд јунајтед биле подготвени да го земат на позајмица веќе во јануари.

Scroll to Top