Фудбалерот на Лестер, Хари Мегваер, деновиве ќе стане член на Манчестер Јунајтед, откако клубовите постигнале договор околу трансферот, објавија англиските медиуми. Англискиот репрезентативец ќе стане најскап дефанзивец во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ за потписот на Мегваер ќе истовари вистинско богатство. Се шпекулира дека неговиот трансфер ќе изнесува 90 милиони евра (80 во кеш и десет во бонуси). Трансферот на Мегваер ќе биде за пет милиони поскап од трансферот на Вирџил ван Дајк.
Манчестер Јунајтед досега ги реализираа трансферите на Арон Ван-Бисака од Кристал Палас за 55 милиони евра и Даниел Џејмс од Свонси за 20 милиони евра.
Следна мета на Јунајтед ќе биде играчот на Спортинг од Лисабон, Бруно Фернандеш.