Top Sport

Јунајтед ќе се обидат да го донесат Левандовски

Манчестер јунајтед, во летниот преоден рок, подготвува реконструкција на тимот. Најголеми промени се очекуваат во напаѓачката линија. Според англиските медиуми, Јунајтед ќе се обидат да донесат тројца играчи во овој дел од тимот, а прва цел ќе им биде да го убедат Роберт Левандовски да си замине од Минхен.

Левандовски, наводно, не бил задоволен од она што му го понудиле од Баерн за да го продолжи договорот. „Билд“, тврди дека не е невозможно тој да се реши да замине од Бундес лигата.

Според овој извор, Баерн се на потег, доколку ги исполнат барањата на фудбалерот, тој ќе остане во Минхен, во спротивно можно е да побара нов предизвик.

Scroll to Top