Top Sport

Јунајтед ќе тргнат по Санчо со „тактика Бруно Фернандеш“

Манчестер јунајтед планираат да ја искористат истата тактика за трансфери со која го донесоа Бруно Фернандеш во јануари за да го донесат Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, тврди британскиот весник „Манчестер ивнинг њуз“.

Јунајтед подолго време се поврзувани со Санчо, но Борусија засега останува на проценката од 120 милиони евра, додека извршниот директор на „ѓаволите“, Ед Вудворд планира поголем дел од договорот да биде во бонуси со перформанси, слично како кај Фернандеш кој пристигна од Спортинг на последниот ден од преодниот рок во јануари.

Јунајтед платија 47 милиони фунти за Фернандеш и дополнителни 20.7 милиони фунти во бонуси, со што се намали притисокот на финансиските извештаи на клубот. Со ваква стратегија за Санчо би се намалил и процентот кој би го добил Манчестер сити, бидејќи од секој трансфер над 8 милиони фунти, „граѓаните“ би добиле 15 отсто.

Се верува дека Дортмунд поставиле краен рок од 10 август за договор, но Јунајтед се сигурни дека имаат предност во преговорите бидејќи тие се еден од ретките клубови кои можат да си го приуштат младиот Англичанец.

Scroll to Top