Манчестер јунајтед веќе контактирале со Наполи за евентуалниот трансфер на десниот бек на клубот, Џовани ди Лоренцо.
Според италијанските медиуми, уште минатиот месец „ѓаволите“ контактирале со агентот на 26-годишниот Ди Лоренцо кој пристигна на „Сан Паоло“ од Емполи минатото лето и има договор до 2024 година.
И покрај слабата сезона на Наполи до прекинот поради корона вирусот, дефанзивецот има два гола и седум асистенции во Серија А, покажувајќи се како фудбалер способен да игра на левата страна и во централната одбрана.
Јунајтед веќе платија одлични 55 милиони евра за Арон Ван-Бисака од Кристал Палас, а одбраната ја засилија и со најскапиот дефанзивец на светот, Хери Мегвајр од Лестер.