Манчестер јунајтед по засилувањето на одбраната тргнува по фудбалери од средниот ред и се многу блиску до Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон и Шон Лонгстаф од Њукасл, јавуваат британските медиуми.
Договорот на Андер Ерера завршува во недела и се очекува тој да биде презентиран како фудбалер на ПСЖ следната недела, а неизвесна е и позицијата на Пол Погба. Солскјер како први мети ги има Фернандеш, Лонгстаф, Саул Нигуез и Јури Тилеманс и се очекува барем еден од нив да дојде на „Олд Трафорд“.
24-годишниот Фернандеш постигна 31 гол во 50 натпревари минатата сезона и за него „ѓаволите“ би требало да платат околу 65 милиони фунти.
21-годишниот Лонгстаф пак се вклопува во профилот на млади британски фудбалери кои Солскјер ги сака покрај Ван-Бисака и Џејмс и би чинел 25 милиони фунти.