Манчестер Јунајтед му понудиле нов договор на шпанскиот фудбалер, Хуан Мата. Овој играч од 2014 година го носи дресот на „црвените ѓаволи“.
Договорот на Хуан Мата со Манчестер Јунајтед истекува ова лето, што значи дека тој како слободен играч може да го напушти клубот. Токму поради тоа што може да замине без обесштетување, интересот за него е голем.
Како најсериозен кандидат за неговиот потпис се истакнува Барселона.
Јунајтед сепак ен сакаат да се откажат од услугите на 30-годишниот фудбалер.
„Манчестер Јунајтед испратија понуда за продолжување на договорот. Ние сме среќни поради тоа. Сепак имам и понуди од други тимови што играат во Лигата на шампионите. Можеби наредната дестинација е Шпанија, но денес нема да разговараме на оваа тема. Се уште ништо не сме решиле“, изјавил таткото на фудбалерот, Хуан Мата сениор.
Јунајтед, во јануари 2014 година, на Челси за трансферот на Мата им платија 37,1 милиони фунти.