Тоа што изгледаше како рутинска победа на крајот можеше да има несреќен крај за Манчестер јунајтед откако издржаа во финишот за 1:2 гостинска победа кај Вест Бромвич Албион.
Јунајтед своето го завршија за седум минути во првото полувреме, кога прво Ромелу Лукаку ги остави случките од дербито со Манчестер сити зад себе, со втор гол во два натпревари, откако одличното додавање на Маркус Рашфорд со глава го проследи во голот.
Во 35. минута, шутот на Џеси Лингард беше пренасочен за водство од 0:2, и кога требаше мечот рутински да се спроведе до крајот, во 77. минута, ветеранот Герет Бери најдобро се снајде во мешаницата пред голот на Де Хеа, за да намали на 1:2. По ова имаше неколку „тензични“ моменти пред голот на Јунајтед, но и одлична шанса на Лукаку.
Јунајтед останува на 11 поени зад Сити на второто место на табелата и има три поени повеќе од Челси на третото место и осум пред Арсенал на четвртото место.