Top Sport

Јунајтед не ги сака Икарди и Наинголан, сака само кеш за Лукаку

Манчестер јунајтед ја одбил понудата на Интер да ги добие Мауро Икарди или Раџа Наинголан и наместо тоа преферира да добие кеш за долгоочекуваниот трансфер на Ромелу Лукаку во „нераѕурите“, јавува „ЕСПН“.

Не е тајна дека и самиот Лукаку и неговиот агент сакаат трансфер во Серија , но откако платија 75 милиони фунти за 26-годишниот Белгиец, Манчестер јунајтед сакаат да вратат дел од тие пари, кои подоцна би ги дале на други засилувања.

Под Оле Гунар Солскјер, Лукаку често остануваше на клупата бидејќи шанса во првиот тим доби Маркус Рашфорд. Белгиецот имаше само 15 гола во 45 настапи за Јунајтед лани.

Scroll to Top