Top Sport

„Јунајтед не се фер кон Кавани“

Поранешниот бугарски репрезентативец, Димитар Бербатов, смета дека Манчестер јунајтед лошо се однесува кон Единсон Кавани. Уругваецот, во октомври 2020 година го засили Јунајтед, имаше добра сезона, поради што Оле Гунар Солскјер го наговори да го продолжи договорот.

Статусот на Кавани во тимот се смени на почетокот на сезоната, кога на „Олд Трафорд“ се врати Кристијано Роналдо.

„Имаше добра сезона, а сега речиси и да не игра. Кога играч каков што е Роналдо ќе дојде во клубот, тогаш светлата се вперени кон него. Тој игра на сите натпревари. Тоа не е фер, Кавини играше толку добро минатата сезона, го заслужи новиот договор, но Роналдо му го зеде местото. Не е фер, но такви работи се случуваат во фудбалот“, рекол Бербатов.

Англиските медиуми неколку недели шпекулираат дека Кавани ќе го напушти Јунајтед во зимскиот преоден рок. Наводно за него интерес покажале неколку клуба од Јужна Америка и Барселона.

Scroll to Top