Top Sport

Јунајтед не се сигурни дали ќе го заддржат Де Хеа, Јувентус чека со понуда

Јувентус размислуваат на крајот на сезоната да го донесат во Торино голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, откако „ѓаволите“ не се сигурни дали да му понудат нов договор на Шпанецот, кој зарботува 350.000 фунти неделно на „Олд Трафорд“.

Според „Калчомеркато“, во Италија ја следат ситуацијата на шпанскиот голман ако тој остане слободен играч на крајот на сезоната, за слично како со Пол Погба, да го добијат фудбалерот без отштета.

Од друга страна „Телеграф“ јавува дека во клубот не се сигурни дали ќе продолжат со Де Хеа, кој веќе 11 години е во клубот и е еден од последните освојувачи на титулата од Премиерлигата преостанати во клубот. Јунајтед минатата недела објавија дека годишно исплаќаат рекордни 61.6 милиони фунти на плати, зголемување од 19.1 отсто од минтата сезона.

Scroll to Top