Top Sport

Јунајтед нема да паднат на оваа понуда, пари и Бејл за Погба

Зинедин Зидан го означи својот сонародник Пол Погба како прва цел во преодниот рок и нема намера лесно да се откаже од таа своја замисла. Манчестер Јунајтед немаат ништо против да го продадат Погба но не за помала сума од 150 милиони евра.

Јунајтед нема да попуштат дури и доколку Погба поднесе барање за трансфер. Челниците на клубот два пати одбиле да разговараат со менаџерот на Погба, Мино Рајола.

„Марка“ пише дека Реал ќе имаат уште еден обид да ги убедат колегите од „Олд Трафорд“ да им го продадат францускиот играч.

Сепак опцијата што ја нудат не е ветувачка. Реал понудиле пакет, Герет Бејл и пари за Погба.

Scroll to Top