Манчестер јунајтед се во очајна потрага за засилувања пред крајот на преодниот рок, а по откажувањето на обидот да го добијат Марко Арнаутовиќ од Болоња, следна цел им е „отпадникот“ од Пари Сен-Жермен, Мауро Икарди. Според „TyC спорт“ во Аргентина, тие веќе почнале преговори со нејзиниот агент, неговата сопруга, Ванда Нара.
Икарди пристигна во ПСЖ од Интер во 2019 година, првично на позајмица, пред следната година трансферот да биде направен постојан. Но, тој не успеа да се наметне во тимот полн со ѕвезди, и сега новиот тренер на тимот, Кристоф Галтие јавно му порача дека треба да најде нов тим, изоставувајќи го од првиот тим.
Оваа вест доаѓа откако вчера, „Л’Екип“ објавија дека ПСЖ се заинтересирани за трансферот на Маркус Рашфорд токму од Јунајтед, во можна трампа за Икарди, иако подоцна Ерик Тен Хаг изјави дека клубот не планира да продаде еден од „најважните играчи“ во составот.