Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед заработи најмногу од ТВ правата во текот на пандемијата, дури 187 милиони евра, соопшти Европската клупска асоцијација.
На таа листа меѓу првите се клубовите од Премиерлигата. Зад Јунајтед се Манчестер Сити (177 милиони евра), Ливерпул (172 милиони евра) и Челси (167 милиони евра).
Потоа следуваат Барселона (166 милиони евра), па Реал Мадрид (150 милиони евра), Јувентус (122 милиони евра) и Баерн Минхен (120 милиони евра).
Од клубовите од Лига Европа, најмногу заработи Тотенхем, 167 милиони евра.
Кога се во прашање клубовите од регионот. Динамо Загреб заработи 500.000 евра годишно.