Top Sport

Јунајтед одбиле да го дадат Санчо на позајмица во Борусија Дортмунд

Манчестер јунајтед го одбиле предлогот на Борусија Дортмунд за позајмица на Џејдон Санчо во 2023/24, сигнализирајќи дека Ерик Тен Хаг е подготвен да му даде нова шанса на Англичанецот.

Санчо беше ѕвезда на Дортмунд со две фантастични сезони во 2019/20 и 2020/21, пред „ѓаволите“ да го купат за 85 милиони евра. Но, на „Олд Трафорд“ тој не успеа да ја покаже истата форма со само 12 гола и 6 асистенции во 79 меча. И покрај тоа што минатата сезона тој имаше подолга пауза поради физички и ментални проблеми, сепак, имаше 41 настап и 21 старт во Премиерелигата.

23-годишниот Санчо има договор до 2026 со опција за уште 12 месеци.

Scroll to Top