Top Sport

Јунајтед овојпат сериозно тргнуваат по Бејл

Манчестер јунајтед следното лето сигурно го купуваат Герет Бејл од Реал Мадрид, објавува британскиот „Дејли мирор“.

Околу можниот трансфер на Бејл на „Олд Трафорд“ се зборуваше наголемо и ова лето, посебно пред европскиот Суперкуп во Скопје, кога на прес-конференциите главна тема беше токму трансферот на Велшанецот.

28-годишниот Бејл е повторно повреден и сега е во „аут“ во 40 од 60 натпревари на Реал Мадрид, по што лидерите на „Лос бланкос“ полека ја губат довербата дека тој ќе биде доволно фит да биде дел од првиот тим. Јунајтед прво „утнаа“ со Бејл кога тој замина од Тотенхем во Реал Мадрид во 2013 за рекордни 100 милиони евра, и повторно лани кога потпиша продолжување на договорот до 2022 година.

И покрај желбата на Реал да се „ослободат“ од Бејл, Јунајтед најверојатно ќе треба да платат сума приближна до 100 милиони евра, бидејќи тој има уште четири години од договорот.

Scroll to Top